Утрински Весник
Свет

Нуклеарната централа Запорожје префрлена на резервна енергија

Нуклеарната централа Запорожје префрлена на резервна енергија

Нуклеарната централа Запорожје е исклучена од надворешното напојување преку линијата од територијата на Украина и префрлена на дизел генератори, соопштено е на каналот Телеграм на нуклеарната централа.

dobivaj vesti na viber

„Поради исклучување на високонапонскиот вод од 750 киловолти, нуклеарната централа Запорожје го изгуби надворешното напојување. Енергијата за сопствени потреби ја обезбедуваат дизел генератори“, се наведува во соопштението, пренесува Интерфакс.

Се истражуваат причините за исклучувањето на линијата.

Се додава дека радијацијата на местото на нуклеарната централа е нормална.

Запорожје е најголемата нуклеарна централа во Европа, со шест единици. Станицата не произведува струја од 11 септември 2022 година. Пет реактори се во ладен режим, а еден работи за да ги задоволи потребите на електраната.

Од март минатата година нуклеарната централа Запорожје е под контрола на руските сили, а од 1 септември минатата година таму дежураат повеќе експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), кои периодично се менуваат.

Можете да прочитате

Уапсен полски државјанин вплеткан во организација за наводен атентат на Зеленски

САД ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН

САД и В.Британија воведоа санкции кон Иран