Утрински Весник
Економија

Ново зголмување на цената кај горивата

Picture 1185 660x486 1.jpg
Ss2

Моторниот бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапува за 1,5 денари за литар, а за еден денар дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 87 денари за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77 денари, а 76 денари ќе чини литар Екстра лесно. Не се менува цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95, односно ќе се продава по 85 денари за литар. Поскапување има и кај мазутот М-1 НС чија малопродажна цена се зголемува за 0,979 денари за килограм и ќе  изнесува 44,776 денари. Со Одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,33 проценти во однос на одлуката од 22. месецов. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,940 проценти, кај дизелот за 1,082 проценти, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 1,316 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 2,483 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој се формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,028 проценти, образложува РКЕ.

Ss1

Можете да прочитате

Просечната нето плата исплатена во февруари изнесува 39.276 денари

32 години од воведувањето на денарот

Одржана редовната седница на Советот на Народната банка