Утрински Весник
Економија

Ново зголемување на цените на горивата од полноќ

Ново зголемување на цените на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20% % во однос на одлуката од 30.09.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,460 ден/кг.

Од 4.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 89,00 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 92,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 89,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 50,228 (денари/килограм)

Можете да прочитате

НБ и гувернерката Ангеловска-Бежоска избрани од ЕБОР за водачи на проектот за женско претприемаштво во Македонија

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Ангеловска-Бежоска: Родовата еднаквост не само квантитативно, туку и квалитативно ќе го поттикне економскиот раст