Утрински Весник
Македонија

Ново рочиште за „Пулс“ ќе се изведуваат докази

Kocani sud puls.jpeg

Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

На минатото рочиште се изведуваа материјални докази на обвинителството – видео снимки и слики поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел.

Досега на судењето на пожарот во дискотеката „Пулс“ беа сослушани сведоци предложени од Обвинителството, а беа изведени и обдукциските наоди и мислења од Институтот за судска медицина за причините на смртта на жртвите, како и медицинска документација и податоци за повредените, кои се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, по што беше сослушани директорот на Институтот за судска медицина, Александар Станков.  

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Можете да прочитате

Силното невреме остави последици низ државата, примени над 9.000 повици на 112 во Скопје

Спречени два обиди за криумчарење на мигранти, приведени двајца криумчари,

Тошковски: За секој што ќе биде утврдено дека е одговорен ќе има законски последици