Утрински Весник
Свет

Ново насилство во Белград: нападнато и прободено со нож 20 годишно момче

Ново насилство во Белград: нападнато и прободено со нож 20 годишно момче

Во Земунската населба Алтина, Белград, денеска околу 15 часот и 30 минути 20-годишно момче е рането при убод со нож, кое е веднаш пренесено во болница, објавија српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијални информации, на момчето му пришле две помлади лица и една девојка, а потоа еден од нив извадил нож и го избодело момчето. Мотивот за нападот се уште не е познат.

Полицијата ги идентификувала сторителите, а според неофицијални информации станува збор за малолетни лица.

И во текот на вчерашниот ден имаше пукање во белградската населба Врачар.

Инцидентот се случил околу 19 часот и 40 минути на улицата „Максим Горки“, кога било застрелано 26-годишно момче, а на улицата „Новопазарска“ во истата населба е пронајдено уште едно момче со прострелни рани, кон кое било пукано исто така на улицата „Максим Горки“.

Можете да прочитате

Руската нафта повторно тече кон Словачка и Унгарија: Фицо смета дека нафтоводот „Дружба“ воопшто не бил оштетен

Принцот Хари порача на Путин да ја запре војната – 24info.mk

Трамп: Пукајте и потопете ги сите бродови во Ормускиот теснец!