Утрински Весник
Свет

„Жал ми е за жртвите од моите зли дела“: поранешен хрватски свештеник признал дека сексуално злоставил 13 момчиња

„Жал ми е за жртвите од моите зли дела“: поранешен хрватски свештеник признал дека сексуално злоставил 13 момчиња

Свештеникот и поранешен ректор на Католичкиот богословски факултет во Риека, Милан Шпехар, денеска призна дека сексуално злоставувал 13 момчиња на возраст од шест до 13 години.

dobivaj vesti na viber

„Никој не е виновен за моите злосторства, ниту соучесник. Ги извршив и ужасно ми е жал за жртвите на моите зли дела. Не ми останува ништо друго освен да побарам од дното на душата да простат тие и нивните најблиски, ако воопшто е можно, за сите рани што им ги нанесов“, изјави Шпехар за „Национал“ откако риечкиот надбискуп Мате Узиниќ вчера на прес-конференција објави дека обвинетиот М.Ш. (70), во текот на канонскиот процес, признал дека сексуално злоставувал вкупно 13 момчиња.

Шпехар додал дека „притиснат од товарот на совеста, побарал од папата да го ослободи од свештеничката титула и да го сведе на лаик“, пренесува Index.hr.

Свештеникот сам се пријавил во полиција за блудни дела врз малолетници, по што побарал прошка и отказ од свештенството.

 

Можете да прочитате

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

Јордански министер: Нетанјаху се обидува да го префрли фокусот од Газа на конфликтот со Иран

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата, Кремљ „ладно реагираше“