Утрински Весник
Спорт

Новицки, Гасол и Паркер во Куќата на славните

Новицки, Гасол и Паркер во Куќата на славните

Поранешните европски кошаркари Дирк Новицки, Пау Гасол и Тони Паркер се избрани за влез во Куќата на славните на НБА, соопшти оваа институцијата. Свечената церемонија е закажана за 12 август во Спрингфилд, Масачусетс.

dobivaj vesti na viber

Покрај овие тројца, во Ќуќата на славните ќе влезат и Двејн Вејд, Грег Попович и Беки Хамон.

Германецот Новицки е шестиот најдобар стрелец во историјата на НБА (31.560 поени во 1.522 натпревари) во регуларниот дел од сезоната. Тој е првиот Европеец избран за најдобар играч во регуларниот дел од сезоната во 2007 година. Во 2011 година со Далас ја освои шампионската титула.

Шпанецот Гасол со ЛА Лејкерс двапати ја освои шампионската титула во 2009 и 2010 година. Неодамна ЛА Лејкерс го повлече неговиот дрес со број 16. Со репрезентацијата на Шпанија освои една титула светски шампион (2006) и три титули на Европско првенство (2009, 2011, 2015 година).

Французинот Тони Паркер освои четири шампионски титули во НБА со Сан Антонио (2003, 2005, 2007, 2014 година). Тој е првиот европски играч избран за МВП на финалето во 2007 година.

Можете да прочитате

Финалните натпревари во Лига Европа 2028 во Букурешт, 2029 во Белград

МОК ја продлабочува соработката со Светската е-спорт федерација: Е-спортот и олимпизмот се новата реалност

Зверев ја освои првата титула на УС опен