Утрински Весник
Спорт

Нови шест натпревари на Мундијалот

20260626104635 big 730x400 12.webp.webp

Со шесте натпревари што се играат вечерва и по полноќ ќе биде позната разврската во уште три групи од првата фаза, кои репрезентации (две од група) ќе продолжта во нок аут фазата, а кои три (третопласирани) ќе чекаат завршување на првата фаза.

Во групата И двете првопласирани репрезентации се познати, а тоа се Франција и Норвешка, кои во меѓусебниот дуел ќе решат за првото место во групата. Во вториот дуел играат Сенегал и Ирак, а победникот може да се надева со три бодови на пласман во следната рунда. Почетокот на двата дуела е во 21 часот.


Во 02 часот по полноќ се играат дуелите од Х групата Уругвај – Шпанија и Зелено ’ртски острови – Саудиска Арабија. Шпанија е лидер во групата со 4 бодови, додека Уругвај и Зелено ’ртски острови имаат по два бода и со победи двете репрезентации ќе обезбедат пласман во нок аут фазата, а на такво нешто се надева и Саудиска Арабија, но за тоа е потребна победа.

Иста е состојбата и во Г групата, каде во 05 часот по полноќ ќе играат: Нов Зеланд – Белгија и Египет – Иран. Лидер е Египет со 4 бодови, Иран и Белгија имаат по 2 бода, а Нов Зеланд е последен со еден бод. Репрезентациите што ќе победат ќе имаат шанси да ги обезбедат двете први места во групата. 

Можете да прочитате

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник

РК Вардар во четвртиот „шешир“ во извлекувањето на групите од ЛШ

Бразил против Јапонија, БиХ против САД, познати уште три пара во нокаут фазата на Мундијалот