Утрински Весник
Македонија

Нови именувања на директори на клиники: Ѓорѓиевски во Клиника за нефрологија, Арсова во Клиника за психијатрија и Костовски на Дигестивна хирургија

Klinicki Centar.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Именувани се нови директори на Јавна здравствена установа Универзитетска клиника за нефрологија, Јавна здравствена установа Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје и ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – Скопје.

На место на досегашните први лица на овие установи, поставени се Д-р Никола Ѓорѓиевски специјалист по Нефрологија, Славица Арсова субспецијалист по психотерапија и д-р Огнен Костовски, општ и дигестивен хирург.

Доцентот Д-р Никола Ѓорѓиевски дипломирал на Медицинскиот Факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј во 2008 година како прв дипломиран студент на генерација. Од март 2014 година е вработен во ЈЗУ Универзитетска Клиника за Нефрологија, при што во 2016 година е избран за асистент на катедрата по интерна медицина на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, а од 2024 гоидна е избран во звање наслов доцент.

Во октомври 2019 го полага специјалистичкиот испит и се стекнува со називот специјалист по Нефрологија.

Од март 2020 година е назначен за национален координатор од Македонија при европскиот регистар на болните со бубрежна заместителна терапија на ERA-EDTA (European Renal Association-European Dialysis and Transplantation Association).

Д-р Никола Ѓорѓиевски е автор и ко-автор на 12 трудови објавени во медицински списанија со IF (фактор на влијание) и 25 трудови објавени во меѓународни и домашни медицински списанија.

Професор Д-р Славица Арсова е дипломирала на медицинскиот факултет во Скопје во 1991 година. Во 1998 година се стекнува со звање специјалист по психијатрија на медицинскиот факултет Скопје, а подоцна и субспецијалист по психотерапија.

Веднаш по дипломирање работи во различни здравствени институции, а од 2002 вработена во ЈЗУ УК за Психијатрија Скопје, каде активно ја обавува работа раководител центар за ментално здравје.

Стручното усовршување го надополнува го развива и надвор од државата во повеќе европски земји. Од 2005 година се стекнува со звање магистер по Психијатрија, 2012 докторира, а актуелно е редовен професор и раковител на катедрата по Психијтрија на медицинскиот факултет при УКИМ Скопје.

Проф. д-р Огнен Костовски, дипломирал на Медицинскиот факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј – Скопје, во 2010 го положил специјалистички испит по општа хирургија, а во 2021 и супспецијалистичкиот испит по дигестивна хирургија.

Од 2008 година е вработен во Универзитетска Клиника за дигестивна хирургија, Клинички центар Мајка Тереза- Скопје. Во 2023 година се стекнал со звањето вонреден професор на Катедрата по општа хирургија.

Проф. д-р Огнен Костовски има 15 годишно работно искуство и е дел од рецензентски комисии за избор на лица во наставно-научно звање. Има објавено вкупно 36 научни трудови од областа хирургија, од кои 24 научни труда во научнo списаниe со импакт-фактор (фактор на влијание), 12 труда во научни списанија со меѓународен уредувачки одбор и 10 труда во зборници од научни собири.

Можете да прочитате

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, сите правци проодни

Црвен крст обезбеди итна хуманитарна помош за евакуираното население во Кичево

Николоски: На ниво на држава сите патни правци се проодни и никаде нема застој