Утрински Весник
Македонија

МВР го барала да го уапси, а тој сакал да избега преку аеродромот во Скопје

Aerodrom Skopje.jpg

Вчера во 08:00 часот на Аеродромот во Скопје е уапсен 56-годишниот С.Р од Битола по кого била издадена мерка за апсење.

„На 05.07.2024 во 08.06 часот на Граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.Р.(56) од Битола. При извршена пасошка контрола и проверки во оперативната евиденција било констатирано дека за него е издадена мерка „апси“, по барање од СВР Охрид, врз основа на од Основен суд Охрид“ се вели во билтенот на МВР.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Можете да прочитате

На најголемиот собир на уредници на Википедија напишано над 400 нови статии 

Кируна- шведската европска престолнина на културата 2029 ги повикува македонските уметници да учествуваат со свои проекти

Му се заканувал на премиерот преку социјалните мрежи – ОЈО бара притвор