Утрински Весник
Македонија

Нови 65 позитивни на коронавирус, пријавени 3 починати лица

Нови 65 позитивни на коронавирус, пријавени 3 починати лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 695 теста, а регистрирани се 65 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 47, Битола – 4, Кавадарци- 3, Тетово, Велес и Кичево – по 2, Куманово, Охрид, Штип, Гевгелија и Берово – по 1.

dobivaj vesti na viber

Од вкупниот број позитивни (65), регистрирани се 14 реинфекции.

Регистрирани сe 61 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 45, Битола – 5, Охрид и Прилеп – по 3, Кавадарци, Тетово, Куманово, Штип и Струмица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Кавадарци (77). Починато е во болнички услови. Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица – од Скопје (86) и од Битола (65). Починати се во периодот од 15.9 до 28.9. 2022. Едно од лицата е починато во домашни и едно во болнички услови.

Бројот на починати досега е 9.542 а бројот на активни случаи изнесува 447.

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор