Утрински Весник
Македонија

Ковачевски утре на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага

Ковачевски утре на првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага

Премиерот Димитар Ковачевски на покана на претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел и чешкиот премиер – Петр Фиала утре во Прага ќе учествува на првиот состанок на Европската политичка заедница заедно со лидерите од вкупно 44 земји, од кои 27 земји-членки на Европската Унија, земји од Западен Балкан, Швајцарија, Норвешка и Исланд, како и Азербејџан, Грузија, Турција и Украина.

dobivaj vesti na viber

Учество е предвидено и на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

На првиот состанок на Европската политичка заедница во Прага премиерот Ковачевски ја предводи владината делегација во чиј состав се и министерот за надворешни работи Бујар Османи, како и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Програмата на настанот содржи пленарни дебати и дискусии на тркалезни маси поврзани со актуелни прашања за енергетската и економската криза, снабдувањето со енергија и енергенси, како и дискусии врзани со климатските предизвици, но и мирот и безбедноста во контекст на руската воена агресија врз Украина.

Премиерот Ковачевски ќе учествува на пленарна сесија заедно со министрите Османи и Николовски, а потоа со лидерите на европските земји на тркалезната маса, посветена за енергетика и економија.

Дополнително предвидени се и билатерални средби.

За време на посетата на премиерот Ковачевски заедно со премиерот на Украина Денис Шмихал, ќе присуствува на потпишувањето на договори помеѓу Република Северна Македонија и Украина поврзани со слободната трговија и обезбедувањето храна.

Можете да прочитате

Во Кичево уапсен осуденик баран со потерница

Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Сибиха

Нова акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш