Утрински Весник
Свет

Новата американска амбасадорка во Русија ќе посвети посебно внимание на дијалогот меѓу двата народа

Новата американска амбасадорка во Русија ќе посвети посебно внимание на дијалогот меѓу двата народа
Ss2

Новата американска амбасадорка во Русија, Лин Трејси, ќе посвети посебно внимание на одржувањето на дијалогот меѓу Вашингтон и Москва и односот меѓу народите на двата народа, соопшти американската амбасада во Москва по средбата што се одржа денеска во Министерството за надворешни работи на Русија.

dobivaj vesti na viber

„Амбасадорката Лин Трејси денеска ја имаше првата средба во Министерството за надворешни работи на Русија, каде што се сретна со заменик-министерот за надворешни работи, Сергеј Рјабков“, соопшти Амбасадата на својот канал на „Телеграм“, пренесе ТАС С.

300x250 (7)

„Амбасадорката Трејси посветува посебно внимание на одржувањето на дијалогот меѓу главните градови на нашите земји во период на невидени тензии, заштитата на интересите на американските граѓани притворени во Русија, како и одржувањето на врските меѓу американскиот и рускиот народ“, додаваат од Амбасадата, пренесе „Танјуг“.

Ss1

Можете да прочитате

Лавров: Западот се приближува до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Шпанија формира фонд за жртви на сексуална злоупотреба од свештеници