Утрински Весник
Спорт

Новак Ѓоковиќ ја смири хрватската сензација, Ига Швонтек елиминирана од УС Опен

Новак Ѓоковиќ ја смири хрватската сензација, Ига Швонтек елиминирана од УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четврт-финалето на УС Опен, откако во осминафиналниот дуел славеше над хрватската сензација Борна Гојо. Тој мина низ три кола од квалификациите и стигна до втората недела на еден од четирите најголеми светски турнири. Сепак, не можеше и против Ѓоковиќ, кој го победи во три сета, со 6:2, 7:5, 6:4.

dobivaj vesti na viber

Сензација, сепак, се случи на женскиот дел од турнирот. Ига Швјонтек загуби од Летонката Јелена Остапенко во три сета, со 6:3, 3:6, 1:6. Поразот значи дека на стартот од следната недела полската тенисерка ќе го загуби првото место на светската ранг-листа и ќе биде заменета од Арина Сабаленка од Белорусија.

Јелена Остапенко во четврт-финалето ќе игра против Американката Коко Гоф, која по долга пауза ја прекина бајката за враќањето во тенисот на Каролине Вознијацки со победа од 6:3, 3:6, 6:1.

Новак Ѓоковиќ стигна до победа против Борна Гојо за неполни два и пол часа.

Ѓоковиќ лесно го доби првиот сет откако направи два брејка. Гојо одлично го отвори вториот сет. Тој поведе со 3:0, но српскиот шампион се врати со брејк во 11. гем и потоа го заокружи вториот сет.

Публиката на стадионот „Артур Еш“ навиваше за Хрватот, но Гојо беше немоќен и покрај вложените големи напори. Ѓоковиќ победи со брејк во седмиот гем од третиот сет.

Во четвртфиналето на гренслем турнирот во Њујорк, Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со американскиот тенисер Тејлор Фриц, деветтопласиран во светот.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо