Утрински Весник
Македонија

Пендаровски згрозен за случајот „Онкологија“: Никогаш нема да бидеме вистинско европско општество со одолговлекување на судските постапки

Пендаровски згрозен за случајот „Онкологија“: Никогаш нема да бидеме вистинско европско општество со одолговлекување на судските постапки

Претседателот Стево Пендаровски вели дека е згрозен од информациите за сомнежите за злоупотреба на терапијата на болните од рак. Според него здравствениот систем потфрлил, довербата е изгубена, а во прашање е доведен и квалитетот на лекување на сите идни пациенти.

dobivaj vesti na viber

„Фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден пациент“, пишува претседателот Стево Пендаровски на социјалните мрежи.

„Во насока на целосно расчистување на оваа огромна афера, ги поздравувам до сега преземените дејствија од страна на Јавното Обвинителство и Министерството за внатрешни работи. Во исто време повикувам на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност и соодветна казна за сите за кои ќе биде докажано дека сториле тешки дела против здравјето на луѓето.

Крајно време е системот да потврди дека сме способни во пракса, а не само со зборови да се справуваме со тешките облици на организиран криминал и корупција и конечно да ја прекинеме културата на неказнивост за сериозни прекршувања на законите.

Никогаш нема да бидеме вистинскко европско општество со одолговлекување на судските постапки и отсуство на лична одговорност. За здраво општество ни треба правна држава во пракса, не на хартија.

Потполно го разбирам гневот на граѓаните кои повикуваат на мирни протести, барајќи одговорност од оние кои заработувале на маките на најтешко болните наши граѓани“, вели Пендаровски.

Можете да прочитате

Алармантни бројки: Секое десетто дете во Македонија умира поради загадениот воздух

Трагедија во Тетово: Мајка и четиригодишна ќерка пронајдени мртви во семејната куќа

Спасовски: Кредитот од Унгарија има недефинирани трошоци