Утрински Весник
Магазин

Нова терапија против зависности и депресија

Depresi A.webp.webp

Тим предводен од белгискиот Универзитет во Лувен открил потенцијално револуционерен начин за лекување зависност и депресија, објави белгискиот портал „Фокус“.

Научникот Пјер Василијадис изјави дека е пронајден начин на стимулирање на стријатумот – дел што се наоѓа длабоко во сивата материја во мозокот, и тоа без операција или вградени уреди во мозокот, односно на неинвазивен начин. Техниката што ја користат научниците е насочена кон стимулирање на тн. транскранијална темпорална интерференција.

Тоа може да влијае на бројни непријатни состојби како што се депресија, зависност од дрога и всушност секоја друга состојба за која делот за задоволтво во мозокот има клучна улога. За тоа служат два пара електроди што се поставуваат на главата на пациентот и испраќаат слаби електрични бранови низ мозокот на две различни фреквенции. Разликата меѓу овие фреквенции всушност го стимулира засегнатиот дел од мозокот. 

Можете да прочитате

Светските океани достигнаа рекордно висока температура во јули

Пет животни лекции што повеќето луѓе ги учат предоцна

Шест знаци дека вашето дете мисли дека сте одличен родител