Утрински Весник
Македонија

Нова опрема на ФЕИТ за унапредување на заштитата на медицинските лица од јонизирачко зрачење

20260306160251 big 730x400 97.webp.webp

Министерот за здравтво, Азир Алиу, денеска ја посети лабораторијата за радијациска физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) при УКИМ.

Станува збор за акредитирана лабораторија, согласно пропишаниот стандард за квалитет и која покрај акредитацијата за детекција на храна и материјали третирани со јонизирачко зрачење, има акредитација и за персонален дозиметриски мониторинг на лица професионално изложени на јонизирачко зрачење.


Мониторингот се прави на лица во медицински установи, вклучени во законските програми за мониторинг.

„Лабораторијата за радијациска физика е доопремена со нова опрема, добиена како грант од Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), која ќе овозможи поквалитетен дозиметриски мониторинг и проширување на бројот на медицински лица опфатени со оваа законска програма. Во нашата држава постојат само три лаборатории, акредитирани за спроведување персонален дозиметриски мониторинг, меѓу кои Институтот за јавно здравје и лабораторијата при ФЕИТ, која претставува пример како преку меѓународни фондови и со поддршка од државата можат да се развиваат капацитетите на универзитетите, како во научно-истражувачката така и во апликативната дејност“, истакна министерот Алиу.

При посетата, деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д-р Владимир Атанасовски и стакна дека ФЕИТ денес претставува водечка институција во државата во развојот на научно-истражувачка инфраструктура и експертиза во повеќе технолошки области.

„Нашата цел е преку ваквата инфраструктура да придонесеме за едукација на висококвалификувани кадри и за поддршка на здравствениот систем, особено во областа на радијациската заштита и медицинската физика“, посочи проф. д-р Атанасовски.

Проф. д-р Христина Спасевска, раководител на лабораторијата за радијациска физика при ФЕИТ, информираше дека во овој момент лабораторијата извршува дозиметриски мониторинг на 168 здравствени работници, а во постапка е ангажирањето на лабораторијата за уште 207 лица. Со новата опрема обезбедена од МААЕ ќе се овозможи мониторинг на околу 550 здравствени работници, со што лабораторијата се поставува како значаен фактор за радијациската бедбедност во медицината.

Можете да прочитате

Бугарија му забрани влез на адвокатот Тони Менкиноски во следните 10 години

Евакуација на македонските државјани од Блискиот Исток со комерцијални чартер-летови од недела

Тополова – Исајловска: Кога жртвата се повлекува од притисок, системот мора да биде доволно силен да ја заштити