Утрински Весник
Македонија

Јапонскиот славист Мотоки Номачи доби медал „Блаже Конески“ од МАНУ

20260305111528 big 730x400 54.webp.webp

Во просториите на Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), претседателот акад. Живко Попов му го врачи медалот „Блаже Конески“ на јапонскиот славист и македонист, проф. д-р Мотоки Номачи од Универзитетот Хокаидо, Јапонија.

Номачи, како што информираат од МАНУ, го доби ова признание во 2024 година за значајниот придонес во афирмирањето на македонскиот јазик и култура, како и за долгогодишната посветеност кон славистичките студии.


-Соработката на Номачи со Истражувачкиот центар за ареална лингвистика при МАНУ трае повеќе од една деценија, а во рамки на оваа соработка се одвиваат заеднички истражувања и проекти со Словенско-евроазискиот истражувачки центар при Универзитетот Хокаидо, се наведува во соопштението.

МАНУ со ова ја продолжува традицијата на признавање на истакнати странски научници кои придонесуваат за развојот и афирмацијата на македонскиот јазик и на македонската култура во светот.

Можете да прочитате

Обид за палење на синагога во Скопје

Вчера двајца уапсени за семејно насилство

Вчера уапсени пет возачи низ Македонија