Утрински Весник
Македонија

Нов скандал во Судскиот совет: закажаа седница за избор на претседател, им ги затворија вратите на новинарите

Нов скандал во Судскиот совет: закажаа седница за избор на претседател, им ги затворија вратите на новинарите

И денеска избувна скандал во Судскиот совет. Новинарите, снимателите, фоторепортерите и јавноста останаа пред врата оти обезбедувањето добило наредба да не ги пушта да влезат во просториите во кои треба да се направи нов избор на претседател.

dobivaj vesti na viber

Седницата е закажана за 11 часот, но нема информација дали таа се одржува или е прекината. Не се знае ниту што ќе биде со разрешувањето на Весна Дамева од претседателската функција, а со оглед на низата критики од правната фела.

На страницата на Судскиот совет стои соопштение дека ќе има итна седница денеска, време на одржување, но не и одредба дека ќе биде затворена за јавноста.

Можете да прочитате

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание

Силен ветер ќе ја зафати Македонија – граѓаните да бидат внимателни