Утрински Весник
Економија

Нов раст на цената на дизелот, од утре литар ќе се продава за 97,5 денари

Нов раст на цената на дизелот, од утре литар ќе се продава за 97,5 денари
Ss2

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,59 % во однос на одлуката од 5.10.2022 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините од 1,746 %, кај дизелот од 6,212 %, кај екстра-лесното масло од 5,997 %  и кај мазутот зголемување е 2,307 %.

Img 5587

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок  1,216 %.

Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се зголемува 3,00 денари/л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 денара/л. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,024 денар/л и сега ќе изнесува 51,252 денар/кг. Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат.

Од 8.10.2022 година, од 00.01 часот. максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 86,50 (денари/литар)

Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,00 (денари/литар)

Дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 97,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 94,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС – 51,252 (денар/килограм)

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 8.10.2022 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Ss1

Можете да прочитате

Скопје и Рига од денеска поврзани со авио-линија

МФ: Јавниот долг на крајот на првиот квартал 58,6 отсто од БДП

Над 3,15 милиони патници минатата година транзитирале на скопскиот и охридскиот аеродром