Утрински Весник
Македонија

Нов повик за доброволци синоќа објави Кризниот штаб во Пехчево

20240801073634 Big 730x400 8.webp.webp

Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански синоќа пред полноќ објави нов повик на Кризниот штаб, преку кој ги повика сите доброволци повторно да земат учество, за целосна локализација и ликвидирање на пожарот.

-Доброволците утрово во 05:00 часот да бидат на зборното место на плоштадот Свети Петар и Павле, од каде соодветно ќе бидат упатени за понатамошна интервенција. Потребно е со себе да понесат лопати. Најстрого се забранува самоиницијативно одење да се гаси пожарот, се вели во повикот.

Пунктот за донирање на храна и вода сместен во просториите на Домот на културата во Пехчево и понатаму останува  отворен за сите кои ќе сакаат да донираат намирници и вода за доброволците.

Дежурни екипи синоќа го контролираа теренот, со цел да не дојде до нови жаришта, на оние места каде пожарот беше изгаснат. 

Можете да прочитате

Кузеска: Непотизам – братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО

Професор Димов: Иловица има потенцијал што Европа веќе знае како да го развива 

Приведени 64 возачи изминатиот викенд, 1.426 сообраќајни прекршоци