Утрински Весник
Спорт

Нов британски рекорд – основец дебитираше за Гленавон

Нов британски рекорд – основец дебитираше за Гленавон

Кристофер Атертон, член на Гленавон од Северна Ирска, влезе во фудбалската историја на Велика Британија.

dobivaj vesti na viber

Атертон стана најмладиот играч во Обединетото Кралство кој дебитирал за првиот тим во професионалните натпреварувања. Момчето кое сè уште оди во основно училиште дебитираше на возраст од 13 години и 329 дена.

Тој го надмина 42 години стариот рекорд на Имон Колинс, кој дебитираше за Блекпул на 14 години и 323 дена во дуелот против Килмарнок во септември 1980 година.

За работите да бидат уште подобри за Атертон, неговиот прв допир со топката беше асистенција за голот на Џек Мелоун. На крајот, неговиот Гленавон победи со 6:0 против Долингстон во натпреварот од Купот на Северна Ирска.

Рекордер во англиската Премиер лигата е играчот на Ливерпул, Харви Елиот, кој дебитираше на 16 години и 30 дена.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина