Утрински Весник
Македонија

Ноќна стража кај гробот на Гоце Делчев, граѓани со знамиња, столици и транспаренти ќе останат до сабајле

Ноќна стража кај гробот на Гоце Делчев, граѓани со знамиња, столици и транспаренти ќе останат до сабајле
300x250 (7)

Со македонски знамиња, знамето со сонцето од Вергина и транспаренти, група граѓани се собра на улицата „Самоилова“ која води кон црквата Свети Спас, а за да чуваат ноќна стража.

dobivaj vesti na viber

Тие повикуваат и други да им се приклучат, а најавуваат дека ќе останат до утре. Не можат да се придвижат кон гробот на Гоце Делчев, бидејќи полицијата веќе два дена има барикади. Присутните велат дека не ги организирала партија туку се самоорганизирале.

300x250 (7)

Со нив понеле и пластични столици.

Спроти нив, освен блокада од барикадите, има и полициски службеници. Тие имаат направено кордон околу оградата. Не дозволуваат ниту присутните, ниту неакредитирани граѓани да се упатат кон црквата Свети Спас.

Од Владата посочуваат дека прославата ќе започне од 8 часот изутрина. На гробот на Гоце Делчев цвеќе ќе положат низа делегации.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ за национално обединување

Ковачевски: Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена и подобрување на состојбите во Македонија

Николоски: Платформата 1198 нуди бројни проекти кои допираат до сите сфери во животот