Утрински Весник
Македонија

Николоски: Бугарија го ратификуваше Договорот за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8

634245203 1469233271225161 5031528109445108135 n.jpg

“Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8”, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил.

“Денес Народното Собрание на Република Бугарија го ратификуваше Договорот помеѓу Македонија и Бугарија за изградба на меѓуграничен железнички тунел на Коридорот 8. Овој Договор во декември беше ратификуван и во Македонското Собрание. Со ова се исполнети сите услови за доизградба на железничкото поврзување помеѓу Скопје и Софија и Бургас.

Горд сум што овој Договор кој го потпишавме на 6ти Ноември со заменик претседателот на Владата на Бугарија Гроздан Караџов ќе значи поблиски економски врски помеѓу двете држави и двата народи, но покажува и силна посветеност на Македонија во реализација на Коридор 8 кој е исклучително значаен безбедносен коридор од висок интерес на НАТО и нашите стратешки партнери.

Паралелно го развиваме и Коридор 10 и Македонија ја правиме вистинска раскрсница на Балканот за добробит на сите македонски граѓани. Продолжуваме да работиме” -напиша Николоски.

Можете да прочитате

Мечка шета низ Битола, Коњановски уверува: Надлежните се веќе на терен

Андоновски откри дека Македонија била мета на сериозен сајбер-напад врз владините системи

„Беше неочекувано, нè евакуираа на безбедно“: Андоновски откри детали за драмата на аеродромот во Вилнус