Утрински Весник
Македонија

Ни следува сушен и топол период, и тоа поради антициклон, придружен со Африканскиот топол бран – Постои опасност од нови шумски пожари

1722091794 Index Crop 4.png
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Почитувани, пред нас е сушен и топол период, и тоа поради антициклонот кој ќе биде над нашата територија, односно поле на висок воздушен притисок, но и поради Африканскиот топол бран кој ќе условува топло време со температури насекаде над 30 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската котлина температурата ќе се искачи до околу 38, 39 степени.

На почетокот на следната седмица повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Токму поради ваквата ситуација, повторно расти опасноста од појава на шумски пожари во Македонија. Затоа апелираме граѓаните да бидат крајно внимателни околу тоа како се однесуваат со природата, за да не дојде до повторна појава на шумски пожари.

Можете да прочитате

УХМР: До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

СДСМ: Има некоја Алта врска, доцна е за оградување од СНС

40годишна жена обвинета за прегазувањето пешак во Волково