Утрински Весник
Македонија

Невремето откорна кров од зграда во Тафталиџе, постои опасност да падне

Сообраќајот се одвива непречено, врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, Маврово и Стража

Невреме проследено со град, дожд, силен ветер и електрични празнења попладнево зафати делови од Скопје, особено на територијата во Општина Карпош.

dobivaj vesti na viber

Во Тафталиџе силниот ветер откорнал покрив од зграда.

„Од Е-112 добиена пријава дека поради силниот ветер од невремето, откорнат е кров од зграда и постои опасност да падне и да дојде до поголема штета. (Улица Женевска, Тафталиџе- Скопје)“, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што додаде, за состојбата информирани се Град Скопје и општина Карпош.

Претходно од УХМР најавија променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално за попладневните часови најавено беше дека процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Можете да прочитате

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Лани дијагностицирани 1.000 нови пациенти со рак на дојка

Шасивари на Меѓународниот самит за правда во Истанбул