Утрински Весник
Македонија

Невообичаено топло време за декември ќе ја зафатат Македонија и Балканот

Ecmwf meteo model 2 1024x512 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Температури за околу па и за повеќе од 10 степени повисоки од просечните за месец декември следната седмица ќе го зафатат целиот Балкан вклучувајќи ја и Македонија и ќе донесат високи температури на воздухот кои ќе бидат пролетно високи. Во делови од Балканот и во Македонија температурите ќе се искачат дури и до 20 степени а можно е тие да надминат и 20 степени. Врнежи не очекувам следната седмица што значи дека ќе имаме многу посуво и стабилно време.

Следната седмица целиот Балкан и Македонија ќе бидат под влијание на висок воздушен притисок и на топла воздушна маса од југ (Антициклон) и токму ова ќе услови да ги имаме овие невообичаено високи температури на воздухот за месец декември. Сепак во ваква ситуација по котлините ќе се создаваат услови за појава на магла  и на ниска облачност која во дел од котлините ќе се задржи и во текот на целиот ден па во овие котлини и температурите преку денот ќе останат пониски.

Невообичаено топло за месец декември ќе биде во најголем дел од Европскиот Континент и без врнежи.

Според она што можам да го кажам сега снежни врнежи и вистинска зима не треба да очекуваме дури до 20 декември, тоа значи дека за снегот  и за вистинската зима  и понатаму ќе се изначекаме.

Можете да прочитате

Приведен возач на автобус, управувал без возачка дозвола

ОJO со детали за физичката пресметка пред угостителски објект во Скопје, покрената истражна постапка

Маж од гостиварско ја следел поранешната девојка и преку лажни профили и упатувал закани