Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Немаме избор освен да го уништиме Хамас

1707377222 Unnamed File.webp.webp
Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека се надева дека ќе бидат надминати несогласувањата со американскиот претседател Џозеф Бајден кога е во прашање војната во Газа и дека Израел „нема друг избор освен да го уништи Хамас“, вклучувајќи ги и припадниците на таа група во Рафа.

Pet Utrinski

„Ние често се согласувавме, но имавме и несогласувања. Бевме во состојба да ги надминеме. Се надевам дека ќе можеме да ги надминеме сега, но ќе го направиме тоа што треба да направиме за да ја заштитиме нашата земја. Ако не ги уништиме, ако ги оставиме, тие ќе се вратат. Ќе излезат од тунелот, повторно ќе ја преземат Газа и ќе го направат тоа што го ветија, ќе го направат 7 октомври, овој огромен масакр повторно, повторно и повторно“, рече Нетанјаху во интервјуто за емисијата „Д-р Фил Прајтајм“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Screenshot

Емисијата во која беше интервјуиран Нетанјаху е снимена завчера, пред Бајден да предупреди дека ќе ја прекине испораката на оружје за Израел доколку израелската војска започне голема инвазија на Рафа.

Можете да прочитате

Судењето против Трамп се ближи кон крајот

Путин назначи нов заменик министер за одбрана

Џенет Јелен ќе ги повика САД и Европа да дејствуваат заедно за користењето на замрзнатите руски средства