Утрински Весник
Македонија

Несекојдневен и морничав настан во Вардар: Рибар наместо риба извлекол торба со мини

Mini 960x720 1.jpg

Рибар од тетовското село Волковија доживеал несекојдневен и морничав настан вчера додека бил на риболов.

Според информациите од полицијата, тој јадицата ја фрлил во селото Стенче, кај Стенечкиот мост на реката Вадар. Сепак, наместо да улови риба, од реката извлекол торба во која имало седум тромблонски мини.

Рибарот ги уловил мините вчера на пладне, а се работи за 19-годишно момче.

За случајот, известен е јавен обвинител, а од страна на екипа на МВР тие се безбедно подигнати.

Можете да прочитате

Клековски на увид во Лешок: Проблемот со водатата трае речиси една деценија, болницата обезбедена со безбедна вода за пиење

Велешанец ја нападнал и повредил мајка си, полицијата го уапси

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорнос