Утрински Весник
Свет

Нереди во Франција по победата на десницата

12338831.jpg

Илјадници луѓе се собраа во Париз на протест против десницата по објавувањето на резултатите од првиот круг од парламентарните избори во земјата.

Француските медиуми пренесоа дека демонстрантите демолирале излози, а имало судири со полицијата која , пак, возвратила со солзавец.

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа во првите реакции по првиот круг од предвремените избори повика да се формира поширок републикански собир пред вториот круг од изборите. На европскиот самит во Брисел, откако минатата недела предупреди дека Франција ризикува „граѓанска војна“ доколку на власт дојде партијата предводена од Марин Ле Пен или левичарската коалиција „Новиот народен фронт“, Макрон рече дека неограничениот расизам и анти-семитизмот ќе бидат ослободени во земјата“.

Изборите беа ненадејно распишани од Емануел Макрон, откако неговата партија Преродба претрпе пораз од екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен на изборите за Европскиот парламент.

Можете да прочитате

Регистрирани 14 пожари на отворено изминатите 24 часа, сите се изгаснати

Путин, Гутереш и Си пристигнаа во Казахстан на самитот на Шангајската организација за соработка

Лабуристите пред рекордна победа на изборите во Велика Британија