Утрински Весник
Македонија

Кујната во РЕК Битола времено затворена, работниците добиваат ладен оброк

Rek Bitola.jpg

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по добиена телефонска дојава за сомнеж за труење со храна во РЕК Битола, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната, соопшти агенцијата.

„Согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви“.


Наредено било вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.

„Инспекциската постапка продолжува“, нагласија од АХВ.

Можете да прочитате

Муцунски во работна посета на Даблин, Ирска

АХВ врати 23,6 тони пилешко месо произведено во јануари 2025 година

Во недела протест и двочасовна блокада на бугарско-македонската граница