Утрински Весник
Македонија

НЕОФИЦИЈАЛНО: Близок човек на Таравари го подметнал куршумот?

Taravari 369836 398021.jpg

Куршумот што утрово се појави во дворот во семејната куќа на гостиварскиот градоначалник и претседател на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, најверојатно се поврзува со негов близок човек.

Ова се првичните неофицијални сознанија што ги споделуваат извори блиски на истрагата.

Се уште не се знае дали човекот близок до Таравари преку ноќ му свртел грб или пак се работи за однапред договорено сценарио.

Откако синоќа луѓе на Таравари нападнаа високи функционери на Алијанса за Албанците, тензијата во партијата е се поголема, а денес одредени медиуми веќе пишуваа дека во сабота на Централното претседателство на Алијанса, претседателот на ова тело Зијадин Села би можел да иницира смена на првиот човек на партијата Таравари, а потоа да побара и смена на министрите Азир Алиу и Фатмир Меџити кои доаѓаат од оваа партија.

Можете да прочитате

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија