Утрински Весник
Магазин

Ненадејно почина Елвис Мекиќ, братот на пејачот Елвир Мекиќ

6cc5b02e 6153 4b32 84c7 288ba48bcbf6.jpeg

На 46-годишна возраст ненадејно почина Елвис Мекиќ, брат на познатиот македонски пејач и текстописец Елвир Мекиќ.

Веста за неговата смрт предизвика тага кај семејството, блиските и пријателите.

Елвис беше брат на Елвир Мекиќ, едно од препознатливите имиња на македонската поп-сцена, особено во текот на 2000-тите години.

Елвир својата музичка кариера ја започна уште како тинејџер, а пошироката публика го препознава по повеќе песни кои оставија белег на домашната музичка сцена, меѓу кои „Опасно“, „Уште те има“, „Некаде после два“ и „Армија“.

Во текот на кариерата соработуваше со бројни музичари од Македонија и регионот, а меѓу најзначајните е неговата долгогодишна соработка со композиторот и продуцент Јован Јованов.

По подолга пауза од македонската музичка сцена, Мекиќ повторно се активираше со нови песни и настапи.

Во јуни годинава, Елвир Мекиќ и Јован Јованов одржаа голем заеднички концерт пред македонската публика, на кој повторно прозвучеа хитовите што ја одбележаа нивната долгогодишна соработка и еден значаен период од македонската поп-музика.

Можете да прочитате

Создаден првиот летачки автомобил „Jetson ONE“ во Шведска

Hекои луѓе комарците ги касаат повеќе од другите – одговорот е во кожата

Луѓето кои стареат здраво ги практикуваат овие седум работи редовно