Утрински Весник
Македонија

Неготино со апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на пожарот да се пријават во Општината

Pozhar 409947.png

Локална самоуправа Неготино упати апел до сите што сакаат да помогнат во гаснење на големиот пожар во неготинско, да се пријават во Општината на телефонскиот број 043/361-045. Ваквиот апел е само еден од заклучоците на денешниот состанок на општинскиот Штаб за заштита и спасување.

– Се апелира до граѓаните на општина Неготино да не се движат кон населените места Калањево, Бела Вода, Липа, Брусник, Пештерница и околните места, се вели во заклучоците.

Меѓу заклучоците се и тие, да се изврши активирање на доброволните противпожарни друшта на општина Неготино и општина Демир Капија, да се обезбедат и дистрибуираат потребните количини на вода за пиење и храна до спасувачите на терен.

Можете да прочитате

Тошковски: Управните служби ќе нудат брзи и квалитетни услуги за сите потреби на граѓаните

На Клиника за онкологија во Скопје ќе се работи во две смени

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за криумчарење на разна стока