Утрински Весник
Македонија

Недостигот на стручен кадар во рударството ја засилува потребата од соработка меѓу образованието и индустријата

Ugd.jpeg

Недостигот на стручен кадар сè почесто се наметнува како едно од клучните прашања за идниот развој на индустријата, особено во секторите каде што практичното знаење, техничките вештини и директното искуство се незаменлив дел од професионалната подготовка. Според податоците на European Training Foundation, младинската невработеност во Македонија во 2024 година изнесувала 29%, додека 22,6% од младите биле надвор од образование, вработување или обука. Овие бројки дополнително ја нагласуваат потребата од посилна, посистемска и долгорочна врска меѓу образовните институции и реалниот сектор.

Токму затоа, Бучим ја гради својата позиција на стратешки партнер на образовните институции, преку активности што на студентите и учениците им овозможуваат директен контакт со индустријата, практично разбирање на работните процеси и појасна претстава за професионалните можности во рударството.


Како дел од овапартнерство, во рудникот Бучим беше реализирана теренска посета за 13 студенти од прва и втора година од насоките геологија и рударско инженерство при Факултетот за природни и технички науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Во текот на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со организацијата на работните процеси, функционирањето на рударските операции и секојдневната динамика на работењето во еден рударски комплекс. Директниот контакт со работната средина им овозможи подобро да ја разберат практичната примена на знаењата што ги стекнуваат во текот на студиите, како и предизвиците и одговорностите што ги носи инженерската професија.

„За Бучим, соработката со образовните институции е стратешка инвестиција во иднината на индустријата. На младите им е потребно повеќе од теоретско знаење, потребен им е реален контакт со професијата, со работните процеси и со стандардите што ги бара современото рударство. Токму затоа нашата цел е да бидеме активен партнер на факултетите и средните стручни училишта во создавањето кадар кој ќе биде подготвен за реалните предизвици на индустријата“, велат од Бучим.

Паралелно со соработката со високообразовните институции, комапнијата продолжува да вложува и во практичната едукација на учениците вклучени во програмата за дуално образование. Во истиот период, 38 ученици од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, кои се дел од програмата за дуално образование во Бучим, реализираа стручна посета на рудникот САСА.

Целта на оваа посета беше учениците да се запознаат со различни работни практики, технолошки решенија и организациски процеси што се применуваат во современото рударство. Преку вакви искуства, практичната настава се надградува со поширок увид во индустријата и со можност младите да ја разберат професијата низ реални примери, теренска работа и директна размена на знаења.

Ваквите активности се дел од стратегијата на Бучим за поврзување на образованието со реалниот сектор. Наместо недостигот на стручен кадар да се третира само како тековен предизвик на индустријата, компанијата го насочува фокусот кон рана едукација, практично учење и континуирана соработка со институциите што ги подготвуваат идните инженери, техничари и стручни лица.

Со ова, рудникот ја потврдува својата улога на македонскиот пазар не само како индустриски капацитет, туку и како партнер во создавањето генерации кои ќе имаат знаење, практично искуство и професионална подготвеност да одговорат на современите индустриски предизвици.

Можете да прочитате

СДСМ: ЕУ, Кошта и Вајц го потврдија она што го кажавме, сите лаги на Мицкоски се разобличени

ВМРО-ДПМНЕ: Миленикот на Заев, Богоев местел тендер во Царина вреден 300 илјади евра и побарал мито од 2.000 евра

Љутков: Наследивме колабиран културен систем и институции без пари за плати