Утрински Весник
Македонија

Не постои директна опасност пожарот да ги зафати Брусник, Калањево и Липа во кои живеат само неколку жители и викендаши, вели Ангелов

Pozar.jpg

Во моментов не постои директна опасност, вели директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов за пожарот во Неготинско.

Ангелов беше прашан за состојбата со пожарот, откако претходно денес Штабот за заштита и спасување на општина Неготино издаде апел до жители од неколку села да ги напуштат домовите поради опасност од ширење на огнот.

Ангелов рече дека станува збор за селата Брусник, Калањево и Липа во кои трајно живеат само неколку луѓе, но истите се користат како викенд населба поради што општината превентивно ги предупредува потенцијалните викендаши.

Во момемтов покрај силите кои гаснат од земја дејствува и еден полициски хеликоптер а набргу ќе му се придружи и еден армиски хеликоптер, додава Ангелов

Можете да прочитате

Бешлиовска за тримесечното бебе со модринки: Со име и презиме да бидат прозвани сите што згрешија за овој случај

Девојка пронајдена мртва на браната Градче кај Кочани

Питбул усмрти 56-годишен маж, син му, кој го поседува кучето, е уапсен