Утрински Весник
Македонија

Мицкоски и Главчев повикуваат на подобрување на односите и соработка меѓу Македонија и Бугарија

Micko Glavcev 726x470 1.png

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук објави дека на маргините на официјалната фотосесија на лидерите на влади и шефови на држави на НАТО самитот во Вашингтон остварил кус разговор со премиерот на Бугарија, Димитар Главчев.

– Беше констатирано дека треба да се релаксираат односите, при што посочив дека треба да се гледа на иднината и да се користат можностите за соработка. Темите од минатото и отворањето на нови препреки нема да ги зближат двата народи и дека треба да се направат напори и чекори кои ќе влеат доверба меѓу државите како во периодот пред ветото и отпочнувањето на политиката на опструкции, наведува Мицкоски.

За разговорот со Мицкоски се огласи и бугарскиот премиер Димитар Главчев, кој кажа дека станало збор за потребата од нормализација на меѓусебните односи и за нивно враќање на нивото од 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство.

– Двајцата бевме на тоа мислење, па ќе видиме што ќе се случи. Нема ништо подобро од убави и добри односи меѓу соседи. Може дури и да се каже дека ние сме и повеќе од соседи со Република Северна Македонија, изјави Главчев.

Можете да прочитате

Осуденик од Струмица уапсен за кражба на пари од црква

Герасимовски до Град Скопје: Преполните контејнери се потенцијална зараза, чистете ги навреме

Со нож сакал да го нападне брат му: Кривична за маж од Прилеп