Утрински Весник
Спорт

Нејмар ќе отсуствува еден месец, Ал-Хилал размислува за раскинување на договорот

20241107091058 Big 730x400 43.webp.webp

Ал-Хилал ја разгледува можноста предвреме да го раскине договорот со напаѓачот Нејмар, соопшти каналот „Екшн Ма3 Волд“, кој ги има правата за пренос на натпревари од првенството на Саудиска Арабија.

Според изворот, клубот би можел да се раздели со играчот во јануари 2025 година.

Бразилецот (32) веќе подолго време се опоравува од тешката повреда и на вториот меч заработи нова повреда по враќањето на терените. Се очекува да паузира околу еден месец.

На 4 ноември, Нејмар играше во Азиската Лига на шампиони против Естеглал, влегувајќи како замена во 58. минута, но го напушти теренот по 30 минути поради истегнување на тетивата.

Бразилскиот напаѓач минатото лето се пресели во Ал-Хилал. Вкупно има седум настапи за саудискиот тим, постигна еден гол и три асистенции. Договорот на Нејмар со клубот е до летото 2025 година. 

Можете да прочитате

Ла Лига со критики за Винисиус

Македонија вечерва против Турција на ЕП

Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа