Утрински Весник
Македонија

Наутро магливо, преку ден со повремени врнежи од дожд и снег

Magla.webp.webp

Времето денеска претпладне ќе биде со магла и ниска облачност по одделни котлини, а преку ден ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени Целзиусови.

Во Скопје, претпладне ќе има магла, а преку ден ќе биде претежно облачно со услови за повремени слаби врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 4 степени.


Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови ќе се задржи променливоto облачно време со сончеви периоди. По котлините во претпладневните часови ќе има појава на магла. Во петок претежно во северните делови ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. 

Можете да прочитате

ПОЛИЦИЈА И БРЗА ПОМОШ НА ПАТОТ ГОСТИВАР – МАВРОВО: Тешка сообраќајна несреќа

Жените ги нападнале мажите – три одделни случаи стигнале до полицијата

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните избори во Брвеница