Утрински Весник
Македонија

Натпросечно топло време: Денес и утре (петок 28 февруари) локални врнежи!

Meteoalarm.mk 53 1.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

До крајот на денов, како и утре (28 февруари петок) во Македонија ќе имаме променливо време со локални врнежи од дожд, додека снег ќе врне само на највисоките планини (над 1800/1900 метри надморска височина). До крајот на денешниот ден ќе дува југоисточен ветер, кој повремено ќе засилува на интензитет.


Да напоменам, врнежите ќе бидат позастапени и со малку поголем интензитет во западните  и во југозападните предели од нашата Република Македонија.

Во Скопје исто така ќе имаме променливо време, а до крајот на денов повремено ќе засилува и ветерот од југоисточен правец. Во делови од котлината ќе има услови  и за појава на краткотраен дожд.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат натпросечно високи за овој период од годината, и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 16 степени. Во Скопје максималната температура ќе се искачи до околу 15/16 степени.

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето