Утрински Весник
Македонија

Настраданите во сообраќајката во Словенија се од општина Ценар Жупа

Brza Pomos Hr.jpg

Тројцата македонски државјани, едно возрасно лице и две деца кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа во Словенија се од село Житинени, Општина Центар Жупа.

„Немам зборови со кои би ја искажал тагата од оваа страшна трагедија која ги потресе жителите на нашата општина. Семејството е по потекло од село Житинени, а живеат во Равена Италија. Се молиме, за закрепнување на другите две повредени лица, кусо за МИА изјави градоначалникот Аријан Ибраим од општина Центар Жупа. 

 Во автомобилот, според него биле родителите на децата и нивната баба, мајка на возачот.

Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, порано денеска, соопштија дека тројца македонски државјани, едно полнолетно и две малолетни лица, загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот А1 во близина на Унец, Словенија.

Можете да прочитате

ЈНА се заканувала со срамнување на Скопје, Македонија се борела да го спаси аеродромот вели Гоцевски

Акција на ОЈО ГОКК и МВР: Кај помошник-директор на Царината пронајдени 17.500 евра

„Горе не оди како што треба“ – Гоцевски открива што му кажал Глигоров уште во 1987 година