Утрински Весник
Економија

Народната банка објавува повик за пријавување трудови за 58. сесија на Клубот на истражувачите

Klub na istrazhuvachi 58 sesija.jpg

На 18 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 14 часот, во просториите на Народната банка ќе се одржи 58. сесија на Клубот на истражувачите. 

Доколку сакате да презентирате Ваш работен материјал на оваа сесија на Клубот на истражувачите, Ве покануваме да се пријавите со доставување на материјалот на е-адресата: opstiinfo@nbrm.mk, најдоцна до 10 јуни 2026 година (среда). 


Трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што можете да видите подетални информации на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.

Можете да прочитате

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки

Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат