Утрински Весник
Македонија

Кривични пријави за инвеститор и општинска инспекторка поради уривање на заштитен објект во Куманово

Svr kumanovo.webp.webp

Кумановската полиција поднесе кривични пријави против две лица, инвеститор и инспектор од општина Куманово, бидејќи инвеститорот градел без одобрение за градба, а инспекторката постапила несовесно. Инвеститорот уништил куќа-заштитен објект на културно наследство.

-СВР Куманово поднесе кривична пријава против педесет и двегодишниот Ф.Ф.(52) и Л.Т.(52), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“-информираше МВР.


Првопријавениот, наведува полицијата во 2023 година, срушил и уништил куќа-заштитен објект на културно наследство, на кој била поставена спомен-плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак, објект, кој согласно член 20 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја е заведен во регистар на спомен обележја како заштитен објект на културно наследство и е заведен во програма за одбележување на значајни настани и личности со спомен обележја во општина Куманово.

На таа локација, првопријавениот, во својство на инвеститор на градба извршил градежни работи и изградил градба од втора категорија, без претходно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам при општина Куманово, со што постапил спротивно на член 59 од Закон за градење, а објектот го изградил на земјиште сопственост на државата. Додека пак, второпријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања на начин што донела решение врз основа на нецелосна и неточно утврдена фактичка состојба, а која била должна да ја утврди согласно член 9 од Закон за инспекциски надзор во врска со член 2 а од Закон за градење

Можете да прочитате

Нова динамика во реформите со ЕУ како стратешки партнер

Работник тешко повреден при пад од зграда во Куманово

Серафимовски ги посети земјоделците погодени од невремето во струмичкиот регион