Утрински Весник
Спорт

Нарко-мафијашка група со смртни закани му го менува планот на Ди Марија да ја заврши кариерата во Росарио!

Di Marija Benfika Srce.jpg
300x250 (7)

Аргентинскиот фудбалски интеранциолец Анхел Ди Марија се врати во Бенфика и реши да одигра барем уште една сезона за „лисабонските орли“, а потоа најави кам-бек во матичниот Росарио Централ каде посакува да ја заврши кариерата. Сепак, желбата на Ди Марија кариерата да ја заврши таму каде што и ја започна, во Розарио централ, веројатно нема да му се отвари бидејќи неговото семејство во Аргентина почна да добива смртни закани. Озлогласена нарко-мафијашка група испорачала „црн-пакет“ пред домот на Ди Марија кој се наоѓа на периферија во Росарио, а пораката која била пронајдена во истиот е навистина застрашувачка. „Речи му на синот Анхел да не помислува да се врати во Розарио бидејќи некој од вашето семејство ќе го загуби живот. Ниту Пуљаро (гувернер на провинцијата Санта Фе) нема да успее да ве спаси“, гласела една од пораките кои биле упатени кон таткото на фудбалерот. Уште една порака која ја објавија локалните медиуми во Розарио исто така била морбидна: „Ние не оставаме пораки. Зад нас остануваат куршуми и лешови“. Ова не е првпат локалните банди да се закануваат на славен аргентински фудбалер кој е роден во Розарио, пред него тоа му се случи и на Лионел Меси. Имено, кон продавницата која е во сопственост на таткото на Антонела Рокуцо, сопругата на Меси, биле истрелани неколку куршуми откако во медиумите почна да се шпекулира дека фудбалерот може да се врати во својот прв тим, Њуелс олд бојс, кој исто така е од Розарио.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот е новиот тренер на „Енфилд“

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов