Утрински Весник
Спорт

Пеле: Ќе гледам Бразил-Јужна Кореја од болничката соба

Пеле: Ќе гледам Бразил-Јужна Кореја од болничката соба

Најголемиот бразилски фудбалер во историјата, Пеле преку социјалните мрежи порача дека ќе го гледа мечот од осминафиналето на Светското првенство меѓу неговиот Бразил и Јужна Кореја од болничката соба во која се наоѓа, откако неговото семејство демантираше дека тој се наоѓа во палијативниот оддел на болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло бидејќи лекарите се откажале од терапијата за ракот на дебелото црево.

dobivaj vesti na viber

„Во 1958 година, одев на улиците рамислувајќи да го остварам ветувањето кое го дадов на мојот татко. Знам дека денеска многу од фудбалерите направија исто ветување и ќе одат по своето прво Светско првенство. Ќе го гледам мечот од болницата и ќе навивам за секој од вас. Многу среќа“, напиша Пеле на Твитер.

Додека фановите стравуваат за состојбата на 82-годишниот Пеле, неговата ќерка Кели Насименто ветува дека тој ќе се врати во својот дом набргу.

„Пеле е болен, стар, но не сме до крајот. Во овој момент тој е хоспитализиран со инфекција на белите дробови и кога ќе биде подобро ќе се вратиме дома. Не сме во болница да се збогуваме“, вели Кели Насименто.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами