Утрински Весник
Економија

Намалените акцизи за горивата и помало ДДВ за бензините ќе важат до први јуни

Vlada.jpg

Владата одлучи да ги продолжи мерките за заштита на животниот стандард и ублажување на ценовните шокови до 1 јуни 2026 година. Одлуката била донесена на денешната вонредна владина седница, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Според неа, продолжувањето на мерките има за цел да обезбеди економска стабилност и да ги намали инфлаторните притисоци врз граѓаните и компаниите, во период кога голем број држави се соочуваат со енергетска и економска неизвесност.


„Како Влада и Министерство за финансии обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните“, напиша министерката на социјалните мрежи.

Од Владата посочуваат дека мерките ќе продолжат да важат со цел полесно справување со економските последици од нестабилните цени на енергенсите и глобалните пазарни движења.

Можете да прочитате

ВЛЕН: 18,3 милиони денари за поддршка на бизнисите, занаетчиите и преработувачката индустрија

Со такси лани се возеле речиси 18,5 патници

Бројот на субјекти што не издаваат фискални сметки сè уште голем, привремено затворени 25 објекти