Утрински Весник
Македонија

Намалени сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди тврди Тошковски

Tetovo Policija.jpg

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска информираше дека со максимално интензивирање на сите ресурси во изминатите дваесетина дена во главниот град, сообраќајните незгоди со тешки телесни повреди се намалени за околу 30 проценти, а сообраќајните незгоди со телесна повреда за околу 24 проценти. Вкупниот број на сообраќајни незгоди, како што изјави Тошковски, е намален за околу 13 отсто споредено со минатата година.

Полициските контроли во главниот град се интензивирани по смртта на 22-годишната Фросина Кулакова која на 29 јануари загина на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“.


Според Тошковски, кога ќе има постојан видео надзор, секој граѓанин кој ќе направи прекршок, ќе биде детектиран и казнет и секој ќе ги почитува сообраќајните правила.

– Не е целта да се казнуваме, туку да немаме луѓе коишто гинат на улица, подвлече Тошковски.

Можете да прочитате

Алармантни податоци од СОС-линијата „Ало, бушавко“, Една третина пријавиле страв од вознемиреност, самоубиствени мисли и обиди за самоубиство

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

Левица: ДПМНЕ ги штити двојните државјанства во Владата –за чии интереси работат нивните министри