Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост до 50 метри на Плетвар поради магла

Magla Avtopat.jpg

Поради магла намалена е видливоста до 50 метри на планинскиот премин Плетвар. Од претпријатието „Македонијапат“. информират дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловоз, а слаби врнежи од снег има на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир со задржување на коловоз.

Сите патни правци во државата се проодни, на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

Апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“