Утрински Весник
Македонија

Намален водостојот на Охридското Езеро

1719496655 Ohrid Maraton 750x375 1.jpg

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа, водостојот на Охридското Езеро е за 15 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за месец август. Пониски од просечните се и нивоата на Преспанското и на Дојранското Езеро. Водостојот на Дојранското Езеро е 48 сантиметри под договорениот минимум, а нивото на Преспанско Езеро е 11 сантиметри под апсолутно појавениот регистриран минимум.

Водостојот, пак, на повеќето од реките во земјава е повисок од просечниот. Во споредба со вчера најголем раст на нивото од 32 сантиметри има реката Вардар на мерното место кај Јегуновце, а најголем пад од 28 сантиметри повторно има Вардар, но на мерното место кај Велес.

Можете да прочитате

Хаос за влез од Грција во Македонија

Гори околу Скопје, активни пожари во општина Сарај и општина Ѓорче Петров

Уапсени 11 возачи, осум возеле без возачка дозвола