Утрински Весник
Македонија

Награда за млади квантитативни умови – „Славица Тодоровска”

Награда за млади квантитативни умови – „Славица Тодоровска”
Dik 300x250 mk

Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ објави конкурс за доделување награда за млади квантитативни умови: „Славица Тодоровска“.

dobivaj vesti na viber

Се повикуваат сите млади да ги поднесат своите идеи во форма на труд, во кој ќе бидат разработени актуелни општествени проблеми, а во трудот задолжително да има квантитативен дел и анализа.

Право на учество имаат сите државјани на Македонија на возраст до 30 години. Вработените и членовите на извршните органи во ЗМАИ немаат право на учество на овој повик. Доколку трудот бил претходно објавен или спонзориран од друга организација, треба да се наведе соодветна референца на датум и место на објава. Еден автор има право да поднесе само еден труд, самостојно или како коавторство, а трудовите се поднесуваат на македонски или на англиски јазик.

Предлог-теми (но, не ограничувајќи се на истите) што се опфатени на повикот се: фискални стратегии за одржлив развој, нееднаквост на приходите и економски раст, вработување и динамика на пазарот на труд, економија на климатските промени, образовни и социјални политики, иднината на монетарната политика.

Краен рок за поднесување: 15 октомври 2023 година.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум: Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат

Забрчанец: Граѓаните и фирмите го поддржуваа, а властите се откажаа од Отворениот Балкан

Костадинов за МТВ: Субвенцијата за новореденче во Валандово ќе се зголеми од 5.000 на 30.000 денари